СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Што му порачаа 400 политичари на најбогатиот човек на светот?

Четиристотини светски политичари, испратиле писмо до основачот на Амазон, Џеф Безос.

Во писмото, тие бараат од компанијата да ги смени деловните практики, а Безос да дејствува како глобален корпоративен граѓанин.

Во писмо до извршниот директор на Амазон и најбогатиот човек на светот со нето вредност од 185 милијарди долари, лидерите велат дека светот „знае дека Амазон може да си дозволи да им плаќа на своите работници, еколошки трошоци и даноци“, но дека компанијата „избегнувала да ги плаќа долговите кон работниците, останатите компании и планетата“, пренесува „Investitor.me“.

Меѓу потписниците на писмото до Безос се американските конгресмени Илхан Омар и Рашида Тлаиб и потпретседателката на Европскиот парламент Хајди Хаутала, како и голем број членови на парламенти од Велика Британија, како и политички фигури од Турција, Франција и Грција.

Тие посочуваат дека богатството на Безос драматично се зголеми за време на пандемијата затоа што потрошувачите се снабдуваат со основни добра и се свртуваат кон купување преку Интернет, отколку што беше тоа претходно.

Политичарите ширум светот сакаат „Амазон“ да ги зголеми платите на своите работници во сите магацини, да се посвети на нулта емисии на штетни гасови до 2030 година, тврдејќи дека влијанието на јаглерод-диоксид во „Амазон“ е „поголем од емисиите на две третини од земјите низ целиот свет“, како и да обезбеди транспарентност во врска со приватноста и користењето на податоците на своите клиенти.

Поврзани вести

НБРМ: Продолжува растот на депозитите и кредитирањето

Никола Поповски

Елези: Реализацијата на капиталните проекти оди со одлична динамика

msp-admin

Бочварски: Со градат нови социјални згради во Демир Капија и Гевгелија

Берта Китинска