СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Британија планира дополнително да ги оданочи богатите за да го наполни буџетот

Еднократен данок за богатите може да биде најдобриот начин Велика Британија да ги пополни празнините во својот буџет, дупките направени од кризата предизвикана од коронавирусот.

Наместо да ги зголемува даноците за секого, владата размислува да воведе данок само за милионери. Оданочувањето на овие домаќинства треба да изнесува дополнителни 1 процент, што би и донело на државата 260 милијарди фунти за пет години.

Министерството за финансии веќе соопшти дека презеле чекори за да се осигура дека богатите ќе го плаќаат својот дел од даноците, бидејќи пандемијата доведе до огромно трошење на народни пари. Само оваа година, државата потроши 280 милијарди фунти на мерки за борба против Ковид-19, како и за помош на британската економија.

Зголемувањето на даноците за богатите би било поправедно од зголемувањето на даноците на намирниците што луѓето ги купуваат на дневна основа или зголемувањето на давачките за осигурувањето.

Веќе има индикации дека корона кризата ја зголеми нееднаквоста меѓу луѓето, главно меѓу нивната заработка, бидејќи оние кои заработија најмалку за време на пандемијата останаа без работа или поради затворање на фирми или неможност за работа од дома.

Данок од 1 процент на богатите може да се воведе со петгодишна важност.

Профитот од ова зголемување би бил еквивалентен на 6% зголемување на ДДВ за истиот период.

Поврзани вести

Транспортери и угостители најмногу заинтересирани за бескаматни кредити

msp-admin

Норвешкиот фонд за стабилизација заработи 46 милијарди долари во првиот квартал

Влатко Зорба

Brexit ќе ја чини автомобилската индустрија околу 11 милијарди евра

msp-admin