СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈАТЕХНОЛОГИЈА

Летало на компанијата на Маск се сруши при слетување во Тексас

Прототип ракета Старшип на компанијата на Илон Маск, „Спејс Икс“, експлодира при обид за слетување по пробното лансирање од ракетен погонски систем во Бока Чика, Тексас.

Снимката од пробното слетување во средата беше емитувана во живо, а ракетата експлодираше за време на самостојното слетување.

И покрај катастрофалното завршување на тестот од шест и пол минути, Елон Маск беше воодушевен.

„Марс, доаѓаме!“, твитнал тој.

Ракетата „Старшип“ уништена за време на тестот беше прототип за лансирање развиена од „Спејс Икс“ за транспорт на луѓе и 100 тони товар во идните мисии на Месечината и Марс.

Веднаш по несреќата при слетувањето, Маск рече дека притисокот во резервоарот за гориво е мал при спуштањето, што предизвикало големо забрзување. Тој додал дека „Спејс Икс“ ги доби сите потребни податоци од тестот и заклучи дека оваа фаза на развој на ракетите е успешна.

Поврзани вести

Економски советници ќе привлекуваат странски инвестиции во земјава

Берта Китинска

Оштетени штедачи на Еуростандард: Поповски индиректно повика за повлекување на сите депозити од банките и нивно чување „под перница“

Влатко Зорба

Сметководителите предупредуваат: Без системски решенија ќе следат големи проблеми