СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Гран Канарија: Канцеларија покрај море, без корона на повидок

За многумина, тоа е сон: работа без канцеларија и под жешкото сонце на југот. Затоа Канарските острови, покрај туристите, сакаат да привлечат и „дигитални номади“ – високо квалификувани луѓе кои работат од дома.

„Следи ги твоите соништа“. На ѕидот стои. Розина Каши го следеше тоа мото. Една млада жена по потекло од Кипар всушност живее и работи во Англија. Но, таа неодамна одлучи да ја пресели својата работа за некое време во Гран Канарија.

„Ситуацијата со короната во Велика Британија доведе до тоа луѓето таму да станат доста агресивни. Затоа, сакав да патувам на некое опуштено место, каде што луѓето се љубезни и каде има чувство на нормалност. Тука го најдов тоа“, рече таа.

Навистина, животот во Гран Канарија, еден од седумте населени Канарски острови, во моментов е скоро целосно нормален: баровите и рестораните се отворени, нема забрана за излегување навечер – благодарение на малиот број заразени лица.

Розина во Лас Палмас се пријави во таканаречениот „коворкинг“ простор „Рипипл“ . Архитекти, веб-дизајнери, програмери или новинари работат под ист покрив. Заедничко за нив е дека тие не сакаат да работат сами дома. Потребни им се контакти со други луѓе и размена на идеи, дури и, како што е сега насекаде, со дистанца и почитување на хигиенските правила.

„На YouTube наидов на видео за оваа „коворкинг“ компанија. Потоа, малку повеќе пребарував на Интернет и видов дека има многу добри оценки. Мислев дека ќе биде убаво место да запознаам луѓе на иста возраст и исти интереси. Сакав да го запознаам тоа општество на дигитални номади“, вели Розина Каши.

Толку близу, а сепак далеку

„Коворкинг“ центарот е функционално украсен: компјутери на бели маси, кафемат, заедничка просторија со софа, брз интернет. Ѕидовите се украсени со мотиви за сурфање, а има и мапа на светот на која се закачени бројни обележувачи. Тие ја откриваат земјата на потекло на луѓето што работат таму. Повеќето од нив се од Европа и САД. Компанијата е основана од новинарката Ана Санчез и нејзиниот познаник Начо.

„Сега има околу осумдесет лица во нашата мрежа. Кога започнавме да работиме пред пет години, имаше пет од нив. Ние пораснавме неверојатно. И минатата недела нè контактираа многу луѓе кои би сакале да дојдат на подолго време. Тие сакаат да работат од тука, да се чувствуваат добро и да можат да излезат на улица“, вели Ана Санчез.

Дигиталните номади патуваат со лаптоп и даска за сурфање и работат низ целиот свет. Канарските острови веќе долго време се наоѓаат на нивните мапи. Сега треба да им се придружат високо квалификувани луѓе кои работат од далечина.

Канарските острови се идеална дестинација за многумина: тие се изолирани и во исто време се добро поврзани. Тие се близу до Европа, и доволно далеку на топлиот југ. И релативно без корона. За да остане така, туристите неодамна мораа да имаат негативен тест за коронавирус.

Талентот е важен, а не од каде работите

Скоро никаде во Шпанија корона-кризата нема да има толку разорно влијание врз локалната економија како што е случајот на Канарските острови. Според податоците на шпанската банка „ББВА“, економските перформанси таму се намалиле за повеќе од една петтина во септември во споредба со истиот месец лани.

Сепак, регионалниот секретар за туризам, Јајза Кастиља, смета дека короната може да има позитивни ефекти на долг рок: „Коронавирусот ни покажа дека е можно работење од дома и дека продуктивноста е уште поголема. За Канарските острови тоа има и позитивен ефект – ние сме помалку зависни од авиокомпаниите“.

Властите сега издвоија 500.000 евра за рекламна кампања што треба да привлече околу 30.000 луѓе кои работат далечински на островите. Многумина од нив веројатно ќе имаат повеќе пари во џебот отколку класичните туристи и затоа се интересна клиентела. Владата исто така им помага на локалните компании, кои обезбедуваат работа од далечина. Бидејќи постои голем потенцијал за жителите на островот, вели соработничката претприемачка Ана Санчез.

„Жителите на Канарските острови порано имаа само една опција ако сакаат да напредуваат во бизнисот: мораа да ги напуштат островите. Ако останеа да живеат тука, ќе се откажеа од својата кариера. Работењето од страна ги менува: тие можат да живеат тука и да работат за која било компанија од каде било во светот. Она што е важно е талентот, а не местото каде што живеете“, рече Санчез.

Поврзани вести

Анѓушев: Целосно сум за оданочување на добивка од каматите за депозити во банките (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Ребалансот во Собрание: Граѓаните и фирмите ја очекуваат финансиската помош од четвртиот пакет мерки

Берта Китинска

Најголемата дебата на Вол Стрит во моментов: Купување биткоин наместо злато

Берта Китинска