СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Airbnb ќе обезбедува престој за луѓе во криза

Airbnb формираше непрофитна организација која има за цел да им помогне на граѓаните од итните служби да најдат сместување во време на криза, како што е сега со пандемијата.

Новата Airbnb.org е создадена заедно со Меѓународниот Црвен крст и Црвена полумесечина, како поддршка за работниците и волонтерите кои се борат против кризата со Ковид-19 и други видови итни случаи.

“Основањето и поддршката на Airbnb.org ни овозможува двојно да ги вложуваме нашите напори да им помогнеме на заедниците кои имаат потреба од целиот свет, во координација со нашите партнери“, рече Џои Гебија, коосновач на Airbnb и претседател на Airbnb.org.

Во текот на следните две години, Airbnb.org ќе одвои еден милион долари за покривање на престојот за вработените и волонтерите кои ги поддржуваат заедниците ширум светот погодени од хуманитарни катастрофи.

Коосновачите на Airbnb, Брајан Чески, Џои Гебија и Нејт Блечарчик одвојуваат шест милиони долари за програмата.

Покрај ова, организацијата ќе им овозможи на домаќините на Airbnb да обезбедат бесплатен и поевтин престој на луѓето погодени од итни случаи, вклучувајќи природни катастрофи и пандемија. Домаќините кои ќе ја поддржат програмата, за возврат ќе добијат посебен беџ на нивниот профил како признание за нивната поддршка.

Поврзани вести

Приходот на банкарскиот систем во Словенија бил 450 милиони евра за минатата година

Влатко Зорба

Маск твитна дека „Тесла“ може да стане најголема компанија, па избриша

Влатко Зорба

Германија и Франција ги прекинаа воздушните врски со Велика Британија

msp-admin