СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Дали е ова најлудиот дизајн на телефонот досега? (ВИДЕО)

Кинеската компанија „Opo“, во соработка со јапонското студио за дизајн „Nendo“, дизајнирала „лизгачки“ телефон кој го менува обемот како што ви одговара, во зависност од моменталната потреба.

Може да се преклопи, исто како и другите флип телефони на пазарот, а може да се отвори делумно, во зависност од тоа дали ви треба поголема или помала површина на екранот.

Телефонот бил наменет и за оние кои сакаат видео игри за мобилни телефони, па доколку овој уред е целосно отворен, има простор за огромен екран, но и за сите контролни команди од лево и од десно, кои не го попречуваат прегледот на играта, пренесува „Зимо“.

Ако телефонот се отвори при првото „преклопување“, ќе ослободите четири сантиметри од екранот, што е доволно за основните функции, како што се гледање повици, отворање апликација за пуштање музика или читање известувања.

Во второто „преклопување“, телефонот нуди осум сантиметри екран, што е доволно за фотографии, а особено е погодно за селфи, бидејќи камерите се свртени кон вас во таа позиција.

На крајот, кога уредот е целосно отворен, тогаш се добива најголемата површина, а камерите ја заземаат својата стандардна позиција, од задната страна.

Од „Opo“ не наведуваат кога планираат официјално да го пуштат уредот на продажба, но тој може да се појави на некој од саемите следната година.

Поврзани вести

Стопанска комора: Итно да профункционира Комитетот за туризам и да се поедностави постапката за субвенционирање

Stefanija Kuzmanovska

Османи: Патната и железничката инфраструктура помеѓу С. Македонија, Бугарија и Албанија е од интерес за целиот Европски континент

Влатко Зорба

Бочварски: Инвестициите во патишта се големи проекти, внимаваме да не ни се случуваат репроекитрања, како претходно.

Влатко Зорба