СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Финансиската помош од 6.000 денари ќе може да се троши во готовина без рокови

Граѓаните, кои ќе добијат 6.000 денари еднократна поддршка, може да ја користат во кој било период без рокови и ограничувања. Сега парите може да  се искористат во кеш, а со нив да купуваат и други производи што не се домашни или да плаќаат за други услуги.

-Добив финансиска помош, но картичката на мојата трансакциска сметка е истечена.Од банката ме информираа дека нема потреба да ја обнова доколку не ја користам и дека може парите да ги подигнам во готовина, вели нашиот соговрник Ѓорги Атанасов.

Од банките информираат дека помошта од 6000 денари може да се искористи во готовина.

– Тоа се пари наменети за граѓаните на кои им е потребна поддршка и истите може да се користат непречено веднаш по уплата на сметката. Овие средства се и остануваат за граѓаните. Дополнително целта е и да се поддржи домашната економија, преку стимулирање на личната потрошувачка, наведуваат од Владата.

Оваа мерка е од четвртиот пакет за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани. По 6.000 денари на сметка добиваат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

За оваа мерка која ќе се реализира преку исплаќање на средствата на постоечката трансакциска сметка на граѓаните, испроектирани се вкупно 27,5 милиони евра. На страницата  kupuvamdomasno.gov.mk граѓаните може да проверат дали се на листата со внесување на својот матичен број.

Поврзани вести

Трудовиот инспекторат не дава информации на Хелсиншкиот комитет дали ги провериле фирмите што не исплаќаат К-15

msp-admin

„Жито полог“ го купува „Скопско поле“ за 200 милиони денари

Влатко Зорба

Американски стручњаци: Пред светот е најголемата економска криза во последните 100 години