СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Bitcoin не престанува да „дивее“: Вреди дури 35.000 $

Со недели, најпознатата криптовалута, Bitcoin (BTC), ги руши своите рекорди. Неговата вредност неделева се „вртеше“ околу 34.000 долари, додека во моментов вреди неверојатни 35.000 $, покажуваат податоците на CoinMarcetCap.

BTC ја зголеми тројно својата вредност во текот на 2020 година, расте стабилно дури и кога падна берзата во раните денови на пандемијата.

Новиот рекорд доаѓа само неколку дена откако оваа дигитална валута падна за повеќе од 10 проценти, на 29.316 долари.

Инвестициската банка JP Morgan во понеделникот објави долгорочна прогноза за цената на дигиталната паричка, тврдејќи дека оваа криптовалута може да се искачи на дури 146.000 долари, натпреварувајќи се со златото како „алтернативна“ валута.

Поврзани вести

„Голдман Сакс“ повторно ќе тргува со криптовалути

Влатко Зорба

Биткоин китовите не престануваат да акумулираат БТК

Влатко Зорба

Како „исчезнаа“ 190 милијарди долари од пазарот на криптовалути за само 24 часа?

Влатко Зорба