СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Вредноста на Ethereum се искачи над 1.100 долари

Малку во сенка од порастот на Bitcoin, друга криптовалута расте силно во последните неколку недели. Станува збор за Ethereum.

ETH повлече силно во понеделникот и по три години со леснотија префрли над 1.100 американски долари (скоро веќе достигнувајќи 1.000 евра), зголемувајќи ја својата пазарна вредност далеку над 100 милијарди долари, но потоа не избегна корекција.

Растот на пазарот на криптовалути се очекува да продолжи и оваа година, бидејќи инвеститорите ќе бараат алтернатива на слабеењето на доларот.

Повеќето предвидувања велат дека пазарната капитализација на BTC ќе достигне трилиони долари (во моментов над 650 милијарди долари) и дека може да достигне 10 проценти од пазарната капитализација на златото.

Поврзани вести

Биткоинот стана официјално средство за плаќање во Ел Салвадор

Stefanija Kuzmanovska

Биткоин повторно во минус

ЦME пушта Етереум фјучерси

Влатко Зорба