СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Биткоин повторно во минус

Откако падна на почетокот на неделата на дури 36.000 долари, биткоинот вчера беше во „зелено“ за добар дел од денот. Неговата вредност се искачи на околу 40.000 долари, и токму кога инвеститорите помислија дека падот траеше кратко, утрово повторно имаме изненадување.

Со биткоин се тргуваше околу 8,30 часот утрово по цена од околу 39.000 американски долари, а во следниот час вредноста се опорави малку и се искачи на околу 39.900 долари. За последните 24 часа, тоа е пад од 0,25 проценти.

И етереумот е намален за 0,4 проценти утрово во последните 24 часа. Еден етер вредеше нешто повеќе од 2.680 долари околу 22 часот.

Во моментов, според КојнМаркетКап, се тргува за 2.652 долари.

Поврзани вести

„Андресен Хоровиц“ планира фонд за криптовалути

Како Bitcoin може да се насочи кон 400.000 $ ?

Влатко Зорба

Биткоин е помалку ризичен од „Дау Џонс“, вели експерт на „Блумберг“

Влатко Зорба