СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Грција: Опоравувањето од рецесијата започнува во вториот квартал на 2021 година

Рецесијата, која преовладуваше во грчката економија во текот на 2020 година, ќе продолжи и во првиот квартал на оваа година.

Закрепнувањето на бруто домашниот производ на земјата се очекува да започне во вториот квартал на 2021 година, според предвидувањата на Центарот за планирање и економски истражувања КЕПЕ.

Во својата анализа на економските трендови, објавена денес, КЕПЕ го проценува падот на грчкиот БДП во втората половина на минатата година на 12,8 проценти, а на ниво на цела 2020 година во просек од 9,9 проценти, пренесува агенцијата АНА.

Овие проценки се базираат на официјални прелиминарни статистички деветмесечни податоци, како и врз основа на проценетиот економски пад од 14 проценти во четвртиот квартал на 2020 година.

За првата половина на 2021 година, КЕПЕ предвидува стапка на раст на грчкиот БДП од минус 3,7 проценти, предвидувајќи дека во првиот квартал земјата ќе забележи економски пад од 10,4 проценти, а потоа и раст во следниот квартал од 3,0 проценти

КЕПЕ нагласува дека продолжувањето на пандемијата ги комплицира проекциите на краткорочните економски трендови и забележува дека неговите проценки за 2020 година и првата половина на 2021 година може да отстапат од ова сценарио и во негативни и во позитивни насоки, во зависност од развојот на здравствената криза.

Поврзани вести

113 брода поминаа низ Суецкиот канал по деблокадата

Влатко Зорба

Германскиот нацрт закон за информатичка безбедност се стреми кон консензус за ризиците на продавачите на телекомуникациска опрема

msp-admin

Димитријоски: 4Г зрачи повеќе од 5Г

msp-admin