СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Грција: Опоравувањето од рецесијата започнува во вториот квартал на 2021 година

Рецесијата, која преовладуваше во грчката економија во текот на 2020 година, ќе продолжи и во првиот квартал на оваа година.

Закрепнувањето на бруто домашниот производ на земјата се очекува да започне во вториот квартал на 2021 година, според предвидувањата на Центарот за планирање и економски истражувања КЕПЕ.

Во својата анализа на економските трендови, објавена денес, КЕПЕ го проценува падот на грчкиот БДП во втората половина на минатата година на 12,8 проценти, а на ниво на цела 2020 година во просек од 9,9 проценти, пренесува агенцијата АНА.

Овие проценки се базираат на официјални прелиминарни статистички деветмесечни податоци, како и врз основа на проценетиот економски пад од 14 проценти во четвртиот квартал на 2020 година.

За првата половина на 2021 година, КЕПЕ предвидува стапка на раст на грчкиот БДП од минус 3,7 проценти, предвидувајќи дека во првиот квартал земјата ќе забележи економски пад од 10,4 проценти, а потоа и раст во следниот квартал од 3,0 проценти

КЕПЕ нагласува дека продолжувањето на пандемијата ги комплицира проекциите на краткорочните економски трендови и забележува дека неговите проценки за 2020 година и првата половина на 2021 година може да отстапат од ова сценарио и во негативни и во позитивни насоки, во зависност од развојот на здравствената криза.

Поврзани вести

Германија: Колку заработува пекар, колку инженер и што се крие зад високите износи?

msp-admin

Хан: Време е да се ревидираат правилата за јавен долг

Најбогатиот човек на светот повторно продаде акции: Овој пат во вредност од 3,1 милијарди долари

msp-admin