Американската банка „Морган Стенли“ успеа значително да профитира од 2020 година. Има предвидувања за приходите за четвртиот квартал за да се заокружи најдобрата година на заемодавателот.
Заработката скокна 51 процент во последните три месеци од 2020 година. Нето банкарскиот приход кој се припишува на обичните акционери се искачи на 3,39 милијарди долари или 1,81 $ по акција, во четвртиот квартал од 2,09 милијарди долари или 1,30 долари по акција, една година порано.
Аналитичарите предвидуваат заработка од 1,27 $ по акција, според „Рафинитив ИБЕС“.
„Морган Стенли“ ги потврди плановите за откуп на своите акции во вредност од 10 милијарди долари оваа година. Акциите на банката пораснаа за 2,5 проценти на 76,88 долари во претпродажба, што е највисоко од крајот на 2000 година.
„Имавме исклучителна поддршка од централните банки и силна поддршка за фискалната политика за време на здравствената криза. Ги поддржавме нашите клиенти, бевме исклучително активни и многу дисциплинирани според нашиот ризик, а тоа доведе до рекордни резултати“, рече главниот финансиски директор Џон Прузан.
Приходите од работењето на институционалните хартии од вредност, нивниот најголем извор на приход, се искачија на 7 милијарди долари од 5,05 милијарди долари пред една година.
Единицата за тргување со хартии од вредност на „Морган Стенли“ има корист од изборите во САД и издавањето на вакцини за коронавирус ширум светот, со што се зголеми обемот на трговија во текот на последниот квартал на 2020 година.
Нето приходот се искачи на 13,64 милијарди долари од 10,86 милијарди долари минатата година. Приходите од одделот за инвестициско банкарство на компанијата напредуваа на 2,30 милијарди од 1,58 милијарди во 2019 година, додека приходите од продажба и трговија се зголемија на 4,22 милијарди од 3,19 милијарди.