СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

3 причини зошто не успевате да заштедите

Заштедата е секогаш посебен предизвик затоа што многумина мислат дека им требаат многу „вишок“ пари за да заштедат, но тоа не е поентата. Подобро е да се одреди процентот отколку износот.

Јасно е дека оние кои имаат приходи од 30.000 и 60.000 денари нема да можат да заштедат исто месечно, но затоа и двајцата можат да издвојат по 5% или 10% од својата плата.

Еден од нив ќе ја достигне целта побрзо, но не е важно, важно е дека и двајцата штедат.

И кога станува збор за целта, тоа е првата ставка. Мора да имате фокус, ако го немате, тогаш не е ни чудо што не можете да одвоите пари.

Еве неколку совети:

1. Кога штедите, важно е да имате причина. Тоа може да биде патување, нов стан, бизнис, скапи чевли … Сепак, без јасен фокус, нема да имате мотивација.

2. Бидете свесни за вашиот приход. Не можете да очекувате да тргнете на страна 100 евра месечно, ако тоа е третина од вашата плата. Значи, водете се според процентите и одете полека кон целта. Ако вашата плата расте, вашите заштеди ќе бидат поголеми.

3. Не се откажувајте од целта, иако ви се чини дека можевте да си дозволите нешто друго со тие пари. На пример, ако штедите за автомобил и ви требаат неколку илјади евра, не трошете ги тие пари на половина пат за „мали задоволства“.

Луѓето штедат се помалку од година во година, а ситуацијата е малку подобрена за време на пандемијата во 2020 година, како резултат на растечката финансиска несигурност. Сепак, податоците на „GOBankingRates“ од 2019 година се неверојатни и вели дека таа година, дури 69% од Американците имале помалку од 1.000 долари „под перница“.

Според последните податоци од Народната банка пак, нивото на штедните влогови во Македонија изнесува 345 милијарди денари, односно 5,6 милијарди евра, што претставува годишен раст на депозитите во банкарскиот сектор од речиси 11 проценти. Од нив, околу 4 милијарди евра се заштеди на граѓаните.

Поврзани вести

Туристичкиот бизнис во Шпанија и Италија се залага за сертификати за вакцинација

Влатко Зорба

Пожар проголта 80 исклучителни автомобили, сопственикот тешко ја поднел загубата

Влатко Зорба

5 начини на кои стресот може да нѝ влијае позитивно

Влатко Зорба