СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Акции што никогаш не треба да се продаваат, велат експерти

Никогаш не кажувај никогаш, но сепак има некои акции што вредат колку „суво злато“, со тенденција да не се губи популарноста.

Доколку ве интересира овој свет, обрнете внимание на следниве компании.

1. Компанијата Berkshire Hathaway е во сопственост на можеби најдобриот познавач на акциите во светот денес, а тоа е Ворен Бафет. Основана пред повеќе од 50 години, вклучува десетици компании како Benjamin Moore, Brooks, International Dairy Queen, Johns Manville, Justin Brands, McLane, Business Wire, Clayton Homes, Forest River, Fruit of the Loom, GEICO, NetJets, See’s Candies.

2. PayPal е компанија доминантна во fintech арената на финансиска технологија и дигитални начини на плаќање. Во нејзин склоп е и Venmo, понов и брзорастечки систем на плаќање. Вредноста на PayPal порасна во претходните години и во моментов е близу 281 милијарди долари. Не заостанува многу зад MasterCard (322 милијарди долари).

3. Netflix се здоби со неверојатна популарност во последно време, па затоа акциите на оваа платформа за стриминг се на цена. Тој е далеку пред своите ривали, што влева доверба кај инвеститорите, а новата забелешка упатена до нив – во која се претставени позитивни резултати од 2020 година – дополнително влијаеше на скокот на акциите.

Поврзани вести

Почна продажбата на Huawei Watch GT 2

msp-admin

Унгарија: Младите под 25 години нема да плаќаат данок на доход

Влатко Зорба

Американци – нација потоната во долгови

Влатко Зорба