СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Од утре почнува етапната исплата на јануарските пензии

Министерството за труд и социјална политика информира дека од утре почнува етапната исплата на јануарските пензии со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот.

Како што информира Министерството, подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

– Во вторник, на 26.01.2021 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

– Во среда на 27.01.2021 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

– Во четврток на 28.01.2021 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

– Во петок, на 29.01. 2021 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Од Министерството информираат и дека пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од вторник 26 јануари .

Поврзани вести

Проблемите на градежништвото во фокусот на Симпозиумот на градежни конструктори

msp-admin

Граѓаните помошта од 6000 денари ќе ја добијат на трансакциски сметки

Берта Китинска

Туристичките знаменитости може и треба да се уживаат, но мерките и протоколите мора да се почитуваат