СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Во САД има над 20 милиони милионери

Милионерите можеби не се толку необични како што многумина мислат.

Според истражувањето на „Credit Suisse“ за 2020 година, во САД има повеќе од 20 милиони луѓе со доволно средства да се нарекуваат милионери.

Крис Хоган, радио водител и автор на книгата „Милионери за секој ден“, анкетираше над 10.000 богати лица за да ја открие нивната тајна на успехот, пренесува Bizlife.

Хоган наскоро дозна дека повеќето милионери не се јавни личности што можат да се видат на мрежите или во медиумите.

„Тие се вредни и обични луѓе. Не е толку лесно да ги забележите“, рече Хоган. Повеќето од нив го собрале своето богатство со текот на времето донесувајќи мудри одлуки, верува Хоган.

И да се има одреден начин на размислување речиси универзално придонело за нивниот успех, вели тој.

Според него, околу 97 проценти од анкетираните милионери веруваат дека ја контролираат својата судбина.

Тоа е многу повеќе отколку што верува вкупното население. Како што вели тој, околу 55 проценти од населението имаат такво мислење.

Поврзани вести

Најдобрите 20 фудбалски тимови изгубија 2 милијарди евра, Барселона води по приходи

Влатко Зорба

Стан во Њујорк: Нема шпорет и бања, а цената е „само“ 1.650 долари (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Француски монаси во „локдаун“ со 2,8 тони сирење бараат купувачи преку Интернет

Влатко Зорба