СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

40% раст на новите портфолија на Cardano во 2021 година

Блокчеинот Cardano забележа значителен раст од лансирањето на својот „стејкинг“ минатиот јули – подвиг, што е најочигледен од бројот на нови корисници кои се приклучуваат на мрежата.

Најновите податоци покажуваат дека вкупниот број на ADA портфолијата е зголемен за скоро 40 проценти од почетокот на годинава, со тоа што вкупниот број расте со просечна стапка од 1,5 процент на ден.

Додека поголемиот дел од пазарот го мери успехот на мрежата преку ефикасноста на нејзиното главно средство, понекогаш единствената вистинска мерка за раст може да се види со стекнување нови корисници.

Таков е случајот со Cardano. И покрај стабилните перформанси што ADA ги покажа во овој циклус, вистинскиот успех на мрежата се гледа во нејзината децентрализација. Според последните податоци објавени од операторот на „стејкинг пул“ („staking pool“ им овозможува на повеќе засегнати страни да ги комбинираат своите пресметковни ресурси како начин да ги зголемат нивните шанси да бидат наградени. Со други зборови, тие ја обединуваат нивната моќ на учество во процесот на проверка и потврдување на нови блокови, така што имаат поголема веројатност да заработат блок награди – н.з.), Питер Нироп, има постојан пораст на новите портфолија на ADA, создавани секој ден во последните 30 дена.

Неговите податоци покажуваат дека вкупниот број на ADA портфолија е зголемен за 37,8% во последниот месец – се зголемува од 191,581 на 25 декември 2020 година на 280 475 на 25 јануари 2021 година.

Мал поглед отсрана открива дека има постојано, стабилно зголемување на вкупниот број на портфолија создадени од најмалку 10 декември.

Зголемувањето на бројот на нови портфолија создадени на мрежата природно носи со себе и зголемување на реалниот број на корисници. Сепак, еден од ретките индикатори поврзани со Cardano што всушност опаѓа е просечната сума на ADA што се чува во делегирани портфолија.

Со повеќе луѓе кои ги делегираат своите средства во „стејкинг пулови“, без оглед колку се мали, мрежата станува подецентрализирана. За време на објавувањето, поставени се 69,67 проценти од вкупната циркулирачка понуда на ADA. Над 55 проценти од портфолиото во мрежата ги делегираа сите свои средства на „стејкинг пулови“, што претставува значајна фаза во патот на мрежата кон целосна децентрализација.

Поврзани вести

Grayscale се насочува кон Chainlink, Cardano, Polkadot…

Влатко Зорба

PayPal им дозволи на клиентите да плаќаат со криптовалути

Влатко Зорба

Регулативата е проблем: Тажно гледаат како губат пари

Влатко Зорба