По објавата, се чинеше дека Sony не може да ги консолидира залихите на својата конзола PlayStation 5. Сепак, и покрај недостигот, компанијата успеа да продаде над 4,5 милиони конзоли во текот на 2020 година.
Во комбинација со продадени 1,4 милиони конзоли PlayStation 4, гејминг бизнисот на Sony го забележаа најдобриот фискален квартал во историјата со приход од 883,2 милијарди јени (8,4 милијарди долари). Тоа претставува раст од 40 проценти во споредба со 2019 година.
Заработката на компанијата, исто така, порасна за 50 проценти на 763 милиони долари, водено од зголемената продажба на игри. Sony забележа и зголемување на претплатите на PlayStation Plus и другите мрежни услуги.
И покрај тоа што PS5 направи добар почеток, Sony исто така потврди дека губи пари на секоја продадена PS5 конзола затоа што постави „стратешки цени за хардверот на PS5 кои беа пониски од трошоците за производство“.
Генерално, Sony имаше добар последен квартал, а профитабилноста беше забележана во скоро сите сегменти, со раст на заработувачката и оперативниот приход од 9,5 и 20 проценти. Гејмингот повторно беше водечки сектор.