СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Закерберг најави ревидирање на правилата на Фејсбук

Извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг изјави дека ги ревидира правилата за содржината на оваа социјална мрежа, соочен со силни негативни реакции од голем број на луѓе, поради пост на американскиот претседател Доналд Трамп во кој им се заканува на демонстрантите против полициско насилство врз расна основа.

 

Тој најави дека Фејсбук се обидува да ја подобри политиката за содржини на социјалните мрежи.

– Знам дека многумина од вас мислат дека минатата недела требаше на некој начин да ги означиме постовите на претседателот, напиша Закерберг во пост, осврнувајќи се на неговата претходна одлука да не се отстрани пост на Трамп, кој содржи фраза „кога ќе започне грабежот, почнува и пукањето“.

Поврзани вести

МБУ доби награда за најдобри резултати во крводарителството

msp-admin

Ракета на SpaceX слета во Тексас, а потоа експлодираше (ВИДЕО)

Влатко Зорба

САД ја напуштаат рамката за „безбедно пристаниште“, ќе се оданочуваат ИТ гигантите во Европа

Влатко Зорба