СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Huawei ја објави првата европска фабрика за безжични базни станици

Huawei го најави официјалното лансирање на европската безжична фабрика, која ќе биде лоцирана во бизнис паркот Брумат во големиот источниот регион (Grand EST) во Франција.

Европската фабрика на Huawei ќе произведува опрема неопходна за производство на безжични базни станици. Производите потоа ќе бидат дистрибуирани до европските клиенти на компанијата. Фабриката претставува значаен проект за Huawei, бидејќи се работи за првиот производствен погон од ваков вид надвор од Кина. По објавувањето на проектот кон крајот на 2019 година од претседателот на Huawei, г-дин Лианг Хуа, градежните работи би можеле да почнат најрано оваа година, а предвидено е фабриката да биде отворена во 2023 година.

Huawei е посветен на придонесот во развојот на локалните екосистеми преку партнерство со француските компании за дизајнот и изградбата на оваа фабрика. Покрај тоа, компанијата планира првично да регрутира 300 работници во големиот источен регион на Франција со долгорочна цел да достигне работна сила од вкупно 500 вработени и да придонесе со една милијарда евра производна вредност годишно.

Локацијата во Франција овозможува фабриката да биде во непосредна близина на европскиот пазар и да ја комплетира мрежата на снабдување на Huawei. Кинеската компанија го одржува силното присуство во Европа, со 23 центри за истражување и развој, над 100 универзитетски партнерства и над 3.100 снабдувачи низ целиот континент. Новата фабрика ќе ги подобри високите перформанси на синџирот на снабдување на Huawei и ќе ги прошири нивните услуги во регионот.

Кетрин Чен, потпретседателка и член на Бордот на директори на Huawei рече: „Европскиот производствен погон е првата производна единица од ваков вид, што ја градиме надвор од Кина. Тоа ја демонстрира нашата посветеност кон Европа, каде што сме присутни од 2000 година, како и нашата желба за долгорочна заложба за креирање работни места и обезбедување економска вредност на регионот“.

Поврзани вести

Не очекувајте електричен автомобил од Ферари во скоро време

msp-admin

Во Австрија 30.000 компании се на работ на егзистенција

Влатко Зорба

Големото британско патување за алкохол во Франција е при крај

Влатко Зорба