СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Јагуар Ленд Ровер“ отпушта 1.100 лица

Најголемиот британски производител на автомобили, „Јагуар Ленд Ровер“, ќе мора да отпушти 1.100 работници за да ги преживее последиците од пандемијата на коронавирус.

Компанијата ќе го намали персоналот низ Велика Британија, како дел од „програмата за трансформација“.

„Преку својата тековна програма за трансформација, „Јагуар Ленд Ровер“ презема чекори за да ги оптимизира перформансите и да постигне понатамошна оперативна ефикасност за да овозможи одржлив раст и зачувување на долгорочен деловен успех“, рече портпаролот на компанијата.

„Поради пандемијата од коронавирус, компанијата донесе тешка одлука да го намали бројот на вработени во наредните месеци“, се вели во соопштението на компанијата.

Кратењето на работните места ќе започнат во производствените капацитети на „Јагуар Ленд Ровер“ низ Велика Британија и овој процес ќе трае од крајот на јули до крајот на годината.

Групата има работна сила во Велика Британија од околу 32.000 луѓе, пренесе „Sky News“.

Во претходните недели, други британски производители, како „Бентли“ и „Астон Мартин“, мораа да го намалат бројот на вработени за да ги преживеат економските последици од пандемијата.

Поврзани вести

Благодарение на поддршката од Германија, градовите ширум Балканот привлекуваат трипати повеќе инвестиции

msp-admin

Microsoft доби лиценца за продажба на софтвер на Huawei

msp-admin

Мобилната индустрија ги засилува барањата за ревизија на европските правила

Влатко Зорба