СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Model S на Tesla собори рекорд за траење на батеријата

Елон Маск повторно ја крева границата, бидејќи Tesla им нуди на купувачите на електрични автомобили Model S Long Range Plus, чија автономија е зголемена на рекордни 647 километри со најновите подобрувања.

Американската автомобилска компанија е официјално првата компанија што им нуди на клиентите електричен автомобил што може да помине повеќе од 400 милји со едно полнење на батеријата (според стандардите на ЕПА), а мерењата покажаа дека Model S на Tesla може да помине 402 милји (647 километри) помеѓу полнења.

Најновиот успех е резултат на постојани и сеопфатни подобрувања во софтверот и хардверските компоненти на автомобилот, а Tesla потенцира дека Model S, кој покри рекордни 647 километри, не го зголемил капацитетот на батеријата досега.

Наместо да посегне кон батерии со уште поголем капацитет, Tesla успеа да ја намали сегашната маса на Model S, што е непријател и на перформансите и на автономијата, а на зголемената автономија им помогнаа новите аеродинамички оптимизирани „фелги“ со гуми со дополнителен намален отпор на тркалање.

Tesla исто така истакнува дека со постојано инвестирање во мрежа на полначи за брзо полнење низ целиот свет (во моментов има повеќе од 17 000 од нив), времето за полнење на батерии е намалено за 50 проценти.

Поврзани вести

Џејмс Хоган и помага на Црна Гора во воспоставувањето нова авиокомпанија

Влатко Зорба

Студиото кое ја развива Call of Duty Mobile заработи 10 милијарди долари во 2020 година

Влатко Зорба

Цените на нафтата достигнаа највисоки нивоа во последниве две години

Влатко Зорба