СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Oд понеделник почнуваат со работа хотелите: Нема послужување на шанк, на една маса со четири столици ќе седат максимум две лица

Владата донесе уредба со сила на закон која на сместувачките капацитети им дозволува да почнат со работа. Оние кои ќе отворат ќе мора да работат по правила и протоколи кои ги донесе Комисијата за заразни болести.

Протоколот за работа на угостителски објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување) почнува да важи од понеделник, 22 јуни.

На рецепцијата во хотелите, каде што пултот не е доволно широк да обезбеди потребно растојание (1,5-2 м), во делот каде ќе оперира рецепционерот, да биде поставена монтажна преграда (шалтер) изработена од прозирна пластика или стакло, која во долниот дел има отворен простор само за манипулирање со клуч и документи. Монтажната преграда од прозирна пластика може да биде заменета со дополнително носење на визир од страна на рецепционерот.

Текстилните украсни елементи на тапацираниот мебел и креветот се отстрануваат (перници, ленти, украсни прекривки…).

Во собите за сместување и на рецепцијата се поставува средство за дезинфекција на рацете.

Секојдневно одржување на хигиената на јавните простории и собите со употреба на средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

Просториите треба редовно да се проветруваат.

Во случај на повеќедневно престојување на гостинот во сместувачкиот капацитет возможно е дневно чистење од страна на персоналот само доколку гостинот изречно посака.

При чистење на повеќе сместувачки капацитети, мора да се води грижа да не се пренесе вирусот од еден сместувачки капацитет на друг преку заразена облека или заштитната опрема на персоналот. Се препорачува да се приспособат постапките на чистење така што би се спречило такво пренесување (на пр. употреба на заштитна облека/скутници за една употреба, промена на заштитната облека секој пат, итн.).

Плаќање со кредитна картичка како степен на заштита за да се намали ризикот од трансмисија на инфекцијата.

РЕСТОРАНСКИ ПРОЦЕДУРИ

Служењето храна на шведска маса не е дозволено.

Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце.

Не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.

Дезинфицирање на масата и столовите пред секој оброк и по завршување на истиот.

Масите да се прекриени со хартиени или најлонски чаршаф за еднократна употреба или ако се користат стандардни чарашави истите да се перат после секој послужен гостин.

Масите да не се претходно сервирани (доколку објектот има услови да постави средство за дезинфекција на секоја маса – доколку не гостите ќе можат да го користат средството за дезинфекција кое ќе биде поставено на влезот од ресторанот според препораките на СЗО.)

Каранфинглата и приборот кој претходно се дезинфицирани на масите се поставуваат по седнувањето на гостите, приборот да биде послужен во најлонска обвивка или во салфетка.

Келнерот е должен да води максимална грижа за својата хигиена со маска на лицето ги послужува гостите со внимавање на растојанието, но факт е дека келнерот не може да служи храна и пијалок од 2м растојание, затоа келнерот треба да одлучи колкаво е пристојното растојание што може да го одржи при послужување.

осле послужувањето келнерот стои на соодветно растојание и чека да биде повикан од гостите.

Сите апарати за точење на пијалок (вода, чај, кафе, сок и сл.) да се отстранат од употреба и пијалоците да се послужуваат по желба на гостите при послужувањето на масата.

Се забранува користењето на заеднички отворени садови при сервирање на кечап, сенф, сосови, масла, сол, шеќери, чаеви и слично, кои се споделуваат на повеќе од една маса.

По завршување на оброците искористениот прибор се отстранува од масите и се носи на миење и дезинфицирање во нечистиот дел од кујната, согласно вообичаената процедура која ја налагаат ХАСАП стандардите каде што е наведено дека во шанкот и кујната треба да постои чист дел каде што се оперира и послужува храна и пијалок и дел каде што се одлага веќе искористениот прибор кој потоа се мие и дезинфицира.

Растојанието меѓу столчињата од соседните маси да биде од 1,5-2м.

На една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица.

Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна.

Засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса.

На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.

Поврзани вести

Битиќи: Компаниите и граѓаните ќе добијат транспарентен и отчетен систем за државна помош

Здружение оштетени штедачи: Повеќе од јасно е дека Петкоски, Трифун и Коста Костовски ја иницирале, организирале и спровеле масовната кражба на нашите депозити и средства

Влатко Зорба

„Привремена забрана за вршење на дејноста“ – ако не се почитуваат протоколите следува казна од 2.500 до 30.000 евра

Берта Китинска