СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

АЛКАЛОИД регистрираше ново друштво во Велика Британија

АЛКАЛОИД АД Скопје регистрираше ново друштво во Велика Британија, со назив ALKALOID UK LIMITED. Друштвото е во 100% сопственост на АЛКАЛОИД АД Скопје, соопшти компанијата.

Земајќи го предвид излезот на Велика Британија од Европската Унија, менаџментот на АЛКАЛОИД АД Скопје донесе одлука за отворање ново друштво, со цел зајакнување на постојните позиции на пазарот.

АЛКАЛОИД АД Скопје е присутен во Велика Британија преку продажба на фармацевтски производи со реализирани продажби во износ од 313 милиони денари во 2020 година.

Со ова АЛКАЛОИД АД Скопје продолжува во насока на остварување на својата главна стратешка определба, односно развивање како извозно ориентирана компанија со стабилна пазарна позиција, велат од компанијата.

Поврзани вести

За осум месеци Турција заработи 1,8 милијарди долари од извоз на лешници

Stefanija Kuzmanovska

Агенцијата за управување со одземен имот од остварени продажби и наплата на имотна корист во државниот буџет префрли 30 милиони денари

Александар Петровски

Поповска: Предлог законот за минерални суровини e во интерес на концесионерите

Влатко Зорба