СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Вкупната заклучена вредност во DeFi достигна 35,8 милијарди долари

Вредноста на ликвидноста во децентрализираното финансирање (DeFi) достигна 35,8 милијарди долари.

Покрај тоа, ова зголемување не се должи на „вообичаените осомничени“, како што се Link или Aave. Наместо тоа, голем број помалку познати протоколи на DeFi доминираа на пазарот во изминатите седум дена.

Вкупната заклучена вредност (Total value locked – TVL) во DeFi служи како проценка на износот на средствата во моментов вградени во просторот DeFi како целина.

„TVL ја мери вкупната вредност на токените заклучени во овие dapps (децентрализирани апликации), тврдејќи дека колку е поголема вредноста заклучена во DeFi dapp, толку подобро“.

Откако DeFi се појави на сцената во август 2017 година, TVL експоненцијално се зголеми.

На крајот на 2018 година, TVL беше околу 300 милиони долари. До 2019 година беа 800 милиони долари. Сепак, на крајот на 2020 година се забележуваат неверојатно близу 15 милијарди.

Стапката на раст шокираше многу набудувачи, што доведе некои да веруваат дека DeFi е меур подготвен да пукне.

Џастин Банон, извршен директор на Boston Protocol, вели дека поткопувањето на централизираното финансирање е она што ќе продолжи да го поттикнува растот.

„Сè е поврзано со одвојувањето на строго контролираните монолити на актерите и дозволување на најпаметните и најдобрите да создаваат производи што им се корисни, притоа отворајќи пристап за секого – не само за привилегираните – да пристапат до податоците и можностите што можат да им донесат најдобар поврат“.

Денешната проценка од 35,8 милијарди долари претставува раст од 132% за пет недели од почетокот на 2021 година.

Во моментов, првите три протоколи се Maker, Aave и Compound, кои претставуваат $6,03 B, $5,66 B и $4,15 B од TVL во DeFi. Интересно, сите три се кредитни протоколи.

Децентрализираните берзи ја сочинуваат следната најголема категорија. Со Curve Finance (3,85 милијарди долари), Uniswap (3,67 милијарди долари) и SushiSwap (3,13 милијарди долари).

Денес, вкупната крипто-пазарна капитализација достигна нов рекорд од 1,3 трилиони долари. Голем дел од овој раст доаѓа од воведувањето на DeFi токените во последната недела.

Додека Maker и Aave може да се пофалат со значителни придобивки, што е за 79% и 78% соодветно од минатиот понеделник, помалите DeFi токени беа најголемите добитници.

На прво место е Anyswap, целосно децентрализиран меѓуверижен „свап“ протокол, со скоро 500% профит. Тој неодамна постави нов рекорд на сите времиња – 1,51 долари на 5 февруари. На почетокот на 2021 година, Anyswap се тргуваше за само 0,16 долари.

Fusion, која е опишана како сеопфатна финансиска платформа заснована на блокчејн, која нуди меѓуверижни услуги, меѓуверижна организација и меѓуверижни податоци преку паметни договори. FSN, исто така, објави неверојатни придобивки во текот на изминатата недела, со скоро 200% раст на нејзината цена.

Поврзани вести

Нигерија забранува тргување со криптовалути, Кенија пак гледа спас во биткоинот

Влатко Зорба

Pornhub сега ги прифаќа криптовалутите XRP, DOGE, BNB и USDC

Влатко Зорба

Bitcoin стигна до 34.544 долари на својот 12-ти роденден

Влатко Зорба