СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Surface Duo доаѓа во Европа на 18 февруари

Кон крајот на минатата година, Microsoft вети дека ќе го понуди преклопниот Surface Duo во Европа и Канада во 2021 година, а компанијата веќе е подготвена да го стори тоа.

Microsoft објави дека од 18 февруари уредот ќе биде достапен во Велика Британија, Франција, Германија и Канада и затоа за прв пат ќе се продава надвор од САД.

Засега нема знаци дека наскоро ќе го видиме во Македонија, но дури и да се случи тоа, неговата цена нема да биде многу ниска.

На пример, во Велика Британија ќе чини 1.349 фунти (1.537 евра) и ќе бидат понудени директно од Microsoft и Currys PC World.

Во Франција, Surface Duo ќе биде достапен преку FNAC и Darty, а во Германија ќе го продаваат Saturn и MediaMarkt за 1.549 евра.

Во меѓувреме, компанијата објави дека во САД ја намалува цената на моделот од 1.399 на 999 долари.

Поврзани вести

Камерата на Huawei Mate 30 Pro 5G е на врвот на листата на DXOMARK

msp-admin

Две нови Xbox конзоли во 2020 година?

msp-admin

Google подготвува полесен метод за споделување лозинки за Wi-Fi во Android 12

Влатко Зорба