СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

До 31 март ќе биде продолжен рокот за откупот на тутунот

До 31 март ќе биде продолжен рокот за откупот на тутунот, договорија денеска производителите, компаниите и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа. Договорените количини се очекува да бидат преземени до крајот на неделава, а наредната треба да стартува откупот на вишокот.

Тутунарите сметаат дека е понижувачки да добијат по 10 – 12 денари за килограм колку што е предвидено со петте милиони евра од петтиот антикризен пакет. Тоа, велат, треба да е КОВИД-мерка, а разликата во цената од сегашните 165 до најавените 180 денари, Владата треба посебно да ја надомести. Пари, според нив, има, потреба е само добра волја да се распределат.

-Засега, просечната цена е 165,3 денари. До денеска се откупени 21 милион килограми тутун, а заклучно со утре се очекува да бидат откупени 98 отсто од договорените количини. Потоа ќе продолжи откупот на вишокот тутун што реално е најголемиот проблем годинава. Јас уште утре на Влада ќе предложам по брза постапка измена на Законот за тутун за да се пролонгира рокот за откуп до 31 март, а не да биде до крајот на овој месец. Во петтиот пакет антикризни мерки предвидовме пет милиони евра за тутунарите, но динамиката и начинот на кој ќе се исплатат останува да ги договориме откако ќе заврши целиот откуп, изјави министерот по средбата.

Поврзани вести

Цените на угостителските услуги во март останаа на исто ниво

Влатко Зорба

Извештај: Светските милијардери се побогати од 60 проценти од популацијата

Никола Поповски

Стопанска комора: Пописот е потребен и неопходен за носење бизнис одлуки

Влатко Зорба