СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Huawei Mate X2 нема да користи дисплеи на Samsung

Се приближуваме до моментот на објавување на телефонот Huawei Mate X2, чие претставување е закажано за 22 февруари. Во периодот до тој датум, сигурно ќе видиме многу протечени информации за новиот флексибилен телефон на Huawei.

Mate X2 ќе имплементира нов дизајн со свиткување навнатре, што предизвика гласини дека компанијата ќе го ангажира Samsung Display за производство на екрани. Сепак, сега се сугерира дека Huawei повторно ќе ги користи флексибилните дисплеи на BOE.

Според новиот извештај, Samsung и Huawei имале договор за флексибилни панели што ќе се користат на новиот модел Мате Х2. Сепак, овој договор не беше имплементиран поради сегашните санкции што ги воведоа САД кон Huawei. Исто така, во извештајот се тврди дека договорот може да биде одобрен од САД во октомври, но дека Huawei не сакале да преземат ризик и се одлучиле за безбедно решение со дисплеите на BOE.

Huawei Mate X2 се очекува да користи чипсет Kirin 9000, систем со четири камери со 50MP главен сензор (има и сензори од 16MP, 12MP и 8MP). Телефонот ќе има и батерија од 4400mAh, со поддршка за брзо полнење од 66W.

Поврзани вести

Спотифај покренува проект за помош на музичарите

msp-admin

ЕУ создава „дигитален близнак“ на планетата Земја

Влатко Зорба

Поради сигурносна грешка на WhatsApp, вашиот број е јавно достапен

msp-admin