СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Пензиите ќе се исплаќаат од 25 февруари

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец февруари 2021 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 24.02.2021 година на кои им се препорачува да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 25.02.2021 година (четврток);

– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 26.02.2021 година (петок);

– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.03.2021 година (понеделник ); и

– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.03.2021 година (вторник).

Поврзани вести

Алексовска, ТУК: Поддршка од 5.000 евра не е доволна за една година

Влатко Зорба

Царовска: Подготвивме национален преглед, којшто ќе ни даде насоки за борба со сиромаштијата, нееднаквоста и одржливиот развој

На едно семејство не му стигнуваат две минимални плати за „преживување“

Влатко Зорба