СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ќе се изработува Стратегија за унапредување на човечкиот капитал во соработка со Светска банка

На денешната седница Владата ја усвои Информацијата за Проектот за човечки капитал и за изработка на Стратегија за унапредување на човечкиот капитал во Република Северна Македонија во соработка со групација Светска банка.

Проектот за човечки капитал претставува глобален одговор на групацијата Светска банка за мобилизација на земјите и партнерите, насочен кон унапредување на условите за живот и за зголемување на инклузивноста за економски раст на земјите партнери на Светската банка.

Со заклучок од денешната седница, за лица за контакт и координација на процесот за изработка на Стратегијата за унапредување на човечкиот капитал во земјата се назначени советниците на претседателот на Владата Нина Фити и Ванчо Узунов, а работната група ќе ја сочинуваат и претставници на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука и на Министерството за здравство.

Поврзани вести

Стопанска комора: Итно да профункционира Комитетот за туризам и да се поедностави постапката за субвенционирање

Stefanija Kuzmanovska

БАУЕР доби речиси 565 илјади евра за втората фаза за изградбата на покриен градски пазар во Велес

Влатко Зорба

Презентирано решението за дигитална идентификација на граѓаните на С. Македонија

Влатко Зорба