Неколку членови на Европскиот парламент упатија писмо до Европските комесари задолжени за 5G прашањето, во врска со имплементацијата на комуникациската технологија во рамките на ЕУ.
5G е само број и буква. Но, збирот од неговите делови е со далеку поголема важност.
Уште со 4G технологијата, во текот на минатата година полна со многу предизвици, можевме да комуницираме, да работиме и да учиме од дома, да добиеме помош и во оддалечените области и да ни бидат доставени основните работи во нашите домови.
Петтата генерација на телекомуникациски системи уште повеќе ќе го трансформира начинот на кој живееме и работиме. Ќе овозможи нови економски можности, нови вештини, нови работни места и нов економски модел на зголемена демократија и инклузивност – АКО пристапот до 5G мрежите биде достапен за сите.
Европската комисија тоа го препознава, поради што дигиталната трансформација ја направи камен-темелник на нејзината економска политика. Тоа е сврзното ткиво на многу, ако не и на сите други нејзини широко распространети политики, од развојот на европската индустрија 4.0 до фармата и вилушката. Од Планот за борба против ракот до европскиот начин на живот, 5G може да помогне на начини за кои сè уште не сме ни свесни.
Бидејќи 5G веќе се дистрибуира низ целиот свет и почнува да се распоредува низ континентот, не е се како што изгледа. Одредени субјекти изразија неоправдана загриженост и како резултат на тоа, полето за игра не е отворено за сите учесници.
Да се разбереме; слободниот и отворен натпревар во целост треба да биде дозволен. Но, некои земји-членки на ЕУ, спротивно на намерите на 5G-пакетот и законите за конкуренција на ЕУ, ги затворија своите 5G-пазари за давателите на услуги надвор од Унијата, врз основа на „безбедносни проблеми“.
Ова не само што е загрижувачки, туку е во спротивност со основните принципи на ЕУ. Како резултат на тоа, неколку членови на Европскиот парламент ја истакнаа својата загриженост во врска со ова прашање во меѓупартиско писмо, упатено до Извршните потпретседатели на Европската комисија, Маргрет Вестагер и Валдис Домбровскис и Комесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон.
Комисијата зборува за заштита на европскиот начин на живот. Всушност, европскиот начин на живот се заснова на транспарентност и отворени пазари, јавната доверба во институциите за заштита на правилата за конкуренција низ целата Унија и правичноста. Овие основни принципи треба да се применуваат и во овој случај. Треба да се овозможи целосен слободен и отворен натпревар. Технолошката неутралност треба да биде основа за сите играчи во овој сектор. Законите не треба да се градат за да се исклучуваат именувани, специфични компании без основа. Итното поставување на 5G – задолжително за Европа – не треба да дојде по цената на суштинските принципи, а со тоа и спротивно на јадрото на европските вредности.
Ако во тој поглед не се даде пример, тогаш веќе сме ги изгубиле оние вредности за кои сметаме дека многу ни значат.