СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Samsung се подготвува да пушти нови телевизори со најнова технологија

Samsung веќе ги претстави првите ТВ модели во рамките на својата ТВ линија 2021 година, со опции Neo QLED и microLED. Сега компанијата го најавува настанот Unbox & Discover 2021, што ќе се одржи на 2 март.

Компанијата посочува дека планира да ја сподели својата визија за тоа како најновите иновативни производи на Samsung ќе ја редефинираат улогата на телевизорите, преку врвна технологија, прекрасен дизајн и значајни партнерства.

Извештајот од пред неколку дена сугерира дека Samsung може да издаде QD-OLED телевизори во текот на следната година. Овие панели ги комбинираат чистите бои на технологијата на квантни точки со предностите на OLED панелите. Дали ова ќе ја редефинира улогата на ТВ, останува да видиме.

Samsung исто така работеше на подобрување на достапноста на своите телевизори, преку одлики како што се зумирање на знаковен јазик, подобро прикажување на преводи на CC (closed captions) и многу повеќе.

Поврзани вести

Како Samsung го промени светот на дигиталната технологија

msp-admin

Фејсбук и Инстаграм се повлекуваат од Европа?

msp-admin

Роботот Софија создаде дело кое се продаде за 688.888 долари

Влатко Зорба