СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ВАРДАРГРАДБА ќе ја реконструира „Орце Николов“ за скоро 1,25 милиони евра

Трговското друштво за производство проектирање и инженеринг ВАРДАРГРАДБА ДОО с.Трубарево – Скопје го доби тендерот вреден 76,520,178 денари или 1,244,231 евра од Општина Центар за реконструкција на ул. Орце Николов во потег од бул. Климент Охридски до ул. Франклин Рузвелт со воведување на нов сообраќаен режим (кружен тек и пешачки патеки), реконструкција на тротоарите и улично осветлување.

Според сајтот на е-набаки, пристигнале 5 понуди за тендерот, од кои највисоката добиена понуда била 79.257.772,60 денари, додека најниската 49.860.703,51.

Поврзани вести

„Ејџиан ерлајнс“ на неодредено време ги прекинува летовите меѓу Атина и Скопје

Берта Китинска

Најбогатиот Македонец лани заработил 3,5 милиони евра

Берта Китинска

МТСП:Поддржани се 1.223 нови вработувања, отвораме работни места и во криза