СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Повеќе од ПОЛОВИНА МИЛИОН луѓе без работа во Австрија

Во Австрија, поради кризата предизвикана од пандемијата, невработеноста е многу голема, па на крајот на февруари 508.923 лица биле без работа.

Бројот на невработени на крајот на февруари, во споредба со истиот месец лани, беше за дури 27 проценти поголем, односно 109.564 невработени. Тоа е стапка на невработеност од 10,7 проценти, што е за 2,6 проценти повеќе од минатата година, соопшти Министерството за труд.

Покрај тоа, на крајот на февруари, околу 496.000 лица беа регистрирани за работа со скратено работно време.

Патем, на крајот на јануари, бројот на невработени беше уште 535.470, а тој број се намали во февруари со отворање продавници.

Рекордна невработеност за време на кризата беше во април минатата година со 588.000 невработени.

Поврзани вести

„Блиц“: Алкалоид донира околу 85 илјади евра за пациентите на дијализа во Србија

msp-admin

Huawei и Xiaomi ја блокираа Alibaba

Влатко Зорба

„Амазон“ нуди работа на отпуштените работници од рестораните и баровите во САД

msp-admin