СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Еден од најмладите милијардери во светот има важен совет за претприемачите

На 34-годишна возраст се рангираше меѓу најмладите милијардери во Индија кои создадоа сопствено богатство (self-made billionaires), а сега Никил Камат ги советува другите претприемачи како да успеат.

Минатата година тој се приклучи на „Forbes India Rich“ листата со неговиот брат и колега Нитин. Нивната платформа за тргување со акции „Zerodha“ беше огромен успех среде пандемија.

По напуштањето на средното училиште, Камат имал разни работи: од услуги за перење алишта до продажба на користени телефони, но видел вистински успех едвај кога ја основал „Zerodha“. Неговиот прв совет е да ги следите трендовите во индустријата што ја одбирате, но и да ја направите „соодветна“ за вас.

За сите оние кои живеат или работат во Индија, тој вели дека пазарот сега има голем финансиски потенцијал, што треба да се слуша. Покрај технологијата, златото и другите ризични средства, во недвижнини се инвестираше масовно во 2020 година.

Финтек е друга област од интерес за Камат, особено имајќи предвид дека Индија е генерално „млада нација“, т.е. во 2015 година, просечната возраст во земјата беше 26,8 години. Овој Индиец тука гледа шанса, затоа што верува дека младите се повеќе се занимаваат со финансии.

– Претприемачите ќе имаат моменти кога ќе можат да џогираат, и кога ќе мораат да трчаат спринт – вели Камат и додава дека, на пример, во САД, околу 90 проценти од луѓето имаат (ин) директен пристап до финансискиот пазар.

Тој вели дека Индија е на пат да го постигне истото, за неколку години или една деценија.

Поврзани вести

Fiat инвестира милијарди евра во фабрика во Европа

Влатко Зорба

Јанчев демантираше дека ќе се затвора „Дрекслмајер“

msp-admin

Германија го сопира приливот на работници од Балканот

msp-admin