СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Неуспехот на Трамп: Трговската војна со Кина ги чинеше САД 245.000 работни места

САД изгубија 245.000 работни места поради трговската војна што претседателот Доналд Трамп ја водеше со Кина, а постепеното меѓусебно намалување на тарифите ќе го поттикне растот и делумно ќе ја надомести загубата, покажува истражување.

Студијата е нарачана од Американско-кинескиот деловен совет (USCBC), асоцијација на големи американски компании кои работат во Кина, а ја изработи Oxford Economics.

Меѓусебно постепено намалување на тарифите би резултирало во создавање на 145.000 работни места во САД до 2025 година, откриле авторите.

„Сценариото на ескалација“ претпоставува раскинување на врските меѓу двете водечки светски економии, со проценка дека во тој случај БДП на САД може да се намали за 1,6 трилиони долари во следните пет години, бројот на работни места во 2022 година за 732 илјади и 320 илјади 2025 година

Студијата беше објавена само неколку дена пред новоизбраниот претседател Џо Бајден да влезе во Белата куќа и да започне голема анализа на трговската политика на САД, вклучително и консултации со сојузниците за тарифите на Трамп, забележува Ројтерс.

Бајден рече дека не планира да ги менува во догледна иднина, но ќе работи со сојузниците за да се изврши притисок врз Кина да ја смени трговската политика.

Претседателот на USCBC, Крег Ален ги поддржа напорите на Трамп да ја промени политиката на Кина во врска со прашањата за трговија и трансфер на технологија и сега ја нагласува важноста на здружението да ги артикулира можните последици од политичките одлуки за односите меѓу САД и Кина.

„Во случај на царина, многу е важно да ги разбереме целосните економски трошоци за ваквите одлуки“, рече Ален на прес-конференција.

Студијата проценува дека извозот на САД во Кина поддржува 1,2 милиони работни места во САД и дека кинеските мултинационални компании директно вработуваат 197.000 Американци. Американските компании инвестираа 105 милијарди долари во Кина во 2019 година, се тврди.

„Бидејќи Кина ќе биде генератор на околу една третина од глобалниот раст во следната деценија, одржувањето пристап до кинескиот пазар е сè поважно за глобалниот успех на американските компании“, заклучува студијата.

Поврзани вести

Фејсбук предупреди дека може да се повлече од Европа

msp-admin

Apple бара инженери за работа на 6G

Влатко Зорба

Кино салите повторно „вртат“ милиони

msp-admin