СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Милјардер бара 8 лица за лет до Месечината

Јапонски милијардер регрутира тим од 8 лица за да летаат до Месечината на вселенското летало „SpaceX“. Секој може да се пријави за учество во авантуристичката мисија.

Јусаку Маезава е поставен да биде првиот вселенски турист, и друга група на луѓе ќе го споделат неговото патување. Милјардерот ветува дека ќе ги сноси сите трошоци на своите придружници, објави „Инсајдер“.

Апликациите веќе се прифаќаат од апликантите. „Јас регрутирам тим за учество во оваа мисија. Ми требаат осум луѓе од целиот свет. 10-12 лица ќе бидат присутни на ова патување, јас пак поканувам осум“, вели Маезава.

Секој што сака да лета со него на Месечината мора да исполни два барања: Прво, да може да ја подобри активноста што ја прави кога оди во вселената. И второ, да биде подготвен и способen да ги поддржува и другите членови на екипажот со истите аспирации.

Летот кон Месечината е планиран за 2023 година. Ова ќе биде прва цивилна лунарна мисија на вселенското летало Starship, развиенo од компанијата SpaceX на Елон Маск.

Екипажот на истражувачи ќе лета до таму каде што малкумина биле претходно: покрај Месечината, надвор од орбитата на Земјата. Во 2018 година, Маезава го купи целиот расположив простор на ракетата и, заедно со Елон Маск, ја најави првата цивилна мисија на Месечината.

Мисијата #dearMoon ќе вклучува 10-12 лица, вклучувајќи ги и осумте цивили што Маезава ќе ги избере. „Се надевам дека можеме да имаме забавно патување заедно“, вели тој.

Пред-регистрација е отворена до 14 март. Потребно е име, земја, адреса за е-пошта и фотографија на профилот. Првичниот процес на скрининг ќе започне на 21 март, проследен со интервјуа и медицински прегледи кон крајот на мај.

Осумте членови на екипажот ќе бидат избрани на крајот на јуни, а нивната обука ќе започне набргу потоа. Подготовките за мисијата ќе продолжат до полетувањето закажано за првата половина на 2023 година.

Поврзани вести

Закерберг најави ревидирање на правилата на Фејсбук

msp-admin

МБА: Сте банки и штедилници интензивно преземаат активности за заштита на здравјето на своите клиенти

msp-admin

Џонсон сака да ја намали улогата на Huawei во британската 5G мрежа

msp-admin