СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Првата крава во Црна Гора платена со биткоини: Кои се гордите сопственици?

Во Црна Гора, крава вредна повеќе од 1.000 евра беше платена со биткоини за прв пат во историјата.

Поради оваа криптовалута, популарна низ целиот свет, кравата доби необично име – Биткоинка.

Анѓела Вујиќ, која ја купи Биткоинка, зборуваше за тоа за ТВ Прва.

„Случајно, имавме одредена сума пари во криптовалути. Во разговор со нашиот колега Марко, дојдовме до идеја да направиме нешто иновативно и да купиме крава со криптовалута“, рече таа.

Марко Мараш, чија платформа се занимава со поврзување на купувачи и продавачи, рече дека целта е дигитализирање на земјоделството, и ова е само еден од начините.

„Оваа крава изнесуваше 1.350 евра – во тоа време беше некаде околу 0,03 биткоин“, рече соговорникот на ТВ Прва.

Поврзани вести

Прифатете ги ВЕДНАШ: 10 навики за брилијантна кариера во 2021 година

Влатко Зорба

Глобалните приходи од туризам оваа година може да пораснат за 50 проценти

Влатко Зорба

Невообичаен гест: Хрватски претприемач изгради станови за своите работници

Влатко Зорба