СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Колку време треба да штедите за да купите недвижен имот во најголемите градови во светот?

Порталот Bright Side создаде хипотетичка ситуација и пресмета колку години луѓето што живеат во различни земји ќе треба да работат за да заштедат доволно пари за да купат стан во нивниот град.

Тие ја набљудуваа нето просечната месечна заработка (по оданочување) и просечните цени за купување стан од 50 квадратни метри надвор од центарот на градот, и пресметаа дека целата плата се дава за станот.

Еве го списокот:

Москва – 12,5 години

Во оваа земја, како што наведува „Bright Side“, просечната плата е околу 797 долари, додека цената на становите е во просек околу 118.852 долари.

Берлин – 5,5 години

Како што истакнува страницата, просечната плата во главниот град на Германија е околу 2.206 долари. Цените за апартмани надвор од центарот во просек се 145.596 долари.

Лондон – 18 години

Во главниот град на Велика Британија, просечната плата е околу 2.927 долари, додека просечните цени на становите се 638.100 долари.

Дубаи – 3,5 години

Според наводите, просечната плата во овој град е околу 3.340 долари, а просечната цена на еден стан е 143.850 долари.

Париз – 12 години

Просечната плата во главниот град на Франција е околу 2.531 долари, додека цените на становите се во просек 359.100 долари.

Пекинг – 17,5 години

Просечната плата во овој град е околу 1.370 долари, додека просечната цена на еден стан е околу 289.150 долари.

Мадрид – 7 години

Просечната плата во главниот град на Шпанија е 1.571 долар. Просечната цена на стан е 132.250 долари.

Стокхолм – 9 години

Просечната плата е 2.857 долари. Цената на стан е во просек 311.850 долари.

Атина – 9 години

Просечната плата во главниот град на Грција е 803 долари. Цената на станот тука е во просек 88.950.

Прага – 8 години

Просечната плата е околу 1.019 долари, додека цената на станот може да се плати во просек од 102.650 долари.

Рим – 11 години

Просечната плата во главниот град на Италија е околу 1.783 долари. Цената на станот е 230.600 долари.

Поврзани вести

Трик што го полуде целиот свет: Со вадење пликови, заштедувате 5.000 евра за една година

Влатко Зорба

Социјалните мрежи ја оштетуваат психата на тинејџерите

Влатко Зорба

Ако вработените лошо работат, можеби е до вас: Совети за менаџерите во новиот деловен свет

Влатко Зорба