Стандард
БИЗЛАЈФ

Мајами го интегрира Биткоин во својот општински систем (ВИДЕО)

Градската комисија во Мајами успешно ја донесе резолуцијата предложена од градоначалникот Франсис Суарез со која им се овозможува на вработените во општината да добиваат исплата во Биткоин.

Градските работници ќе можат да добиваат или дел од своите плати или целата плата во најголемата криптовалута во светот.

Жителите на Мајами можат да плаќаат такси и даноци во Биткоин, што во суштина го прави вториот по големина град на Флорида главен центар за криптовалути.

Во својата видео порака, Суарез изрази благодарност до комесарите што го претворија Мајами во „град што ја прифаќа технологијата на криптовалутите“.

Потегот на Суарез е дел од неговите напори да го претвори Мајами во следната Силиконска долина, бидејќи големите технолошки компании бегаат од Сан Франциско.

Мајами исто така може да ги инвестира своите резерви во Биткоин во иднина, рече Суарез.

Поврзани вести

5 начини на кои стресот може да нѝ влијае позитивно

Влатко Зорба

Какво богатство ви треба, за да влезете во клубот на супербогатите? (инфографик)

Влатко Зорба

6 лесни начини да ја вратите мотивацијата, што пандемијата ја уби

Влатко Зорба