СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Мексиканската дијаспора испратила дома рекордни 40 милијарди долари

Мексиканските мигранти, кои претежно се наоѓаат во САД, минатата година испратиле дома рекордни 40,6 милијарди долари, и покрај пандемијата на коронавирус, објави Централната банка на Мексико.

Тоа е за 11,4 проценти повеќе отколку во 2019 година, кога вкупните пратки изнесуваат 36,4 милијарди долари, пренесува Гласот на Америка.

Мигрантите испраќале пари во Мексико со парични трансакции „дознаки“, а месечниот рекорд бил во март, кога испратиле четири милијарди долари.

Другите земји забележаа пад на дознаките во 2020 година поради загуби на работното место или намалено работно време како резултат на пандемијата.

Со оглед на големиот пад на вредноста на мексиканската валута, пезосот, дознаките во долари ќе бидат уште позначајни оваа година.

Поврзани вести

Ремзи: Изгубив 66 милиони евра, но отворам уште 5 ресторани

Влатко Зорба

Топ 5 парчиња што секоја деловна жена треба да ги има во својот плакар

Влатко Зорба

Инсектите се поблиску до чиниите на Европејците

Влатко Зорба