СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Хотелски работник отпуштен затоа што флертувал со лице во изолација

Хотелски работник во Нов Зеланд, кој се користи како карантин, доби отказ за „несоодветно однесување“ со лице кое требало да биде во изолација.

Според официјалните лица, парот разменувал пораки напишани на заштитни маски, откако поминале 20 минути заедно во собата.

Министерот за одговор на Ковид 19, Крис Хикинс го опиша чинот како „неприфатлив“, пренесува Би-Би-Си.

Патниците што влегуваат во Нов Зеланд мора да поминат најмалку 14 дена во изолација. Земјата, патем, доби пофалби од светските лидери за начинот на борба против вирусот.

Хикинс на прес-конференција рече дека дознал за инцидентот во хотел во Окланд кратко време откако се случил и дека побарал темелна истрага.

„Не влегов во природата на тој состанок, но факт е дека тој траел 20 минути, што е доволно долго за да биде неприфатливо“, рече министерот.

Тој додаде дека хотелски работник внел шише вино во просторијата.

„Станува збор за човечки суштества. Не можам да го контролирам однесувањето на секоја личност, но ние јасно ги дефиниравме правилата“, рече Хипкинс.

Шефот за карантин, Џим Блис изјави дека работникот бил испратен дома во самоизолација по инцидентот, и дека подоцна бил отпуштен.

Патникот во карантин доби писмено предупредување од полицијата.

И двајцата се тестирани по инцидентот и беа негативни, но Блис го оцени нивното однесување како „неверојатно неодговорно и крајно разочарувачко“.

Поврзани вести

Луѓе од различни класи и возрасти добиваат по 100 долари – еве што купуваат (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Ги запознаваме ретките болести: Хипотириодизам конгенитал

Влатко Зорба

Новинар: Маск има нереална претстава за колонизацијата на Марс

Влатко Зорба