СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Новинар: Маск има нереална претстава за колонизацијата на Марс

Новинарот Шенон Стироне изјави дека основачот на SpaceX, Елон Маск има „нереална“ претстава за колонизација на Марс и посочува на безброј начини на кои Црвената планета може да убива луѓе, пишува CNBC.

„Можете да изберете помеѓу зовривање на крвта, да извриете како лименка со сок, да умрете од тоа дека мускулите ќе ви откажат, да замрзнете до смрт. Вие избирате, има многу опции“, рече авторот во неодамнешната статија за „Атлантик“ наречена „Mars is a Hellhole“.

Во декември, Маск рече дека останува „многу сигурен“ дека SpaceX ќе превезува луѓе на Марс до 2026 година, додавајќи дека остварливата цел е „за околу шест години“.

„Важно е да се воспостави Марс како самоодржлива цивилизација“, рече Маск на новата социјална мрежа „Клабхаус“ на почетокот на оваа година, пренесе CNET.

Сепак, Стироне за CNBC изјави дека човечката желба да оди на Црвената планета произлегува од културата и научната фантастика, но мотивот на Маск главно се заснова на „колонијалистички ставови“

Според него, претприемачот не е воден од научен мотив за откривање и барање на вистината. Наместо тоа, тој е „колонијалист, империјалист“, што според новинарот е „страшно“.

SpaceX не одговори на барањето за коментар од CNBC.

Пред само неколку дена, прототипот на следната генерација ракети SpaceX – Starship успешно полета, но експлодираше при слетувањето по пробниот лет.

Компанијата го развива Starship со цел да пренесе товари до 100 луѓе истовремено во мисии на Месечината и Марс.

Поврзани вести

Русин го купи најскапиот имот во Флорида за 140 милиони долари

Влатко Зорба

Гејтс: Вакцината делува, ќе се чувствуваме понормално веќе на есен

Влатко Зорба

ВВ Тиквеш се приклучи кон интернационалниот предизвик наречен „Јерусалема“ (ВИДЕО)

Влатко Зорба