СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Боледување, додека работите од дома: Дали воопшто постои или со температура седите пред вашиот лаптоп?

Во првите месеци од пандемијата, односно работа од дома, вработените работеа во просек до три часа подолго на ден. Прекувремена работа, напор, напнатост околу Ковид – сето тоа дополнително влијаеше на слабеењето на имунитетот, а границите помеѓу приватниот и деловниот не беа толку јасни како порано.

Ова значи дека многумина, кои се разболеле од корона, а немале никакви симптоми, продолжиле да работат од дома, исто како и оние кои имале „класична настинка“. Се чини дека во работата од дома, за добар дел од тие работници, немаше можност за боледување, бидејќи се претпоставува дека тие „одмараат додека работат“.

Покрај тоа, до пандемијата, беше сосема „нормално“ вработените со настинка да доаѓаат на работа, да кашлаат и да киваат во колективот, за да се докажат, да обезбедат подобра плата или за да не им се намали постојната. Оваа „деловна култура“ нагло ја прекина короната, односно зголемената потреба за секаков вид здравствена заштита.

Од друга страна, имаше работници кои редовно посетуваа лекар, заради земање дознаки и не им пречеше да работат за помала плата за време на боледување, затоа што сериозно го сфаќаа своето здравје, како и здравјето на своите колеги. Но, дури и такви сега наидоа на ѕид. Имено, компаниите го поставија прашањето: Од вас се очекува да бидете достапни, бидејќи каде на друго место би можеле да бидете?

Работодавците, очигледно, го толкувале боледувањето само преку отсуство на вознемирување (превоз) до работа и седење во канцеларија, игнорирајќи дека оние кои не се добро – не можат ефикасно да работат на масата во кујната, туку мора да легнат и да се одморат.

Корона го „иницираше“ концептот на боледување?

Американскиот центар за контрола и превенција на болести минатата година откри дека луѓето со симптоми на грип имаат поголема веројатност да работат ако имаат можност да работат од дома. Бирото за статистика на трудот од САД вели дека секоја четврта компанија усвоила повеликодушни политики за боледувања само во 2020 година, како што се ширел Ковид-19.

Сепак, во некои ситуации беше само формално. Многу болни работници (не само заразени со Ковид) едноставно продолжија да се борат, односно да работат од дома, и покрај заморот и другите симптоми на настинка или грип.

Истражувањето спроведено од „OnePoll“ покажува дека половина од 2.000 испитаници тивко прифатиле делумно боледување за време на пандемијата, или дури и не му кажале на шефот дека се болни, сметајќи дека работата од дома е форма на боледување и одмор.

Далечинското работење сигурно значи дека луѓето се помалку изложени на микробите што предизвикуваат настинка, и покрај тоа, многумина не сакаа да побараат боледување на сметка на настинка, бидејќи нивните болки во грлото или кивањето изгледаа безопасни во однос на последиците од „Ковид-19“ и луѓе кои умираат секој ден.

Но, заразните болести не се единствениот проблем

Директорот на Институтот за студии за здравје и продуктивност, Рон Гецел, вели дека за боледување не се потребни само вируси, туку и болки во грбот, алергии и депресија.

„Околу 95% од нас страдаат од нешто“, вели тој.

Само мигрена довела до загуби од 45 милијарди долари годишно во САД и Европа, според „Харвард Бизнис Ривју“, и скоро 90% од тоа произлегува од презентизмот, односно од потребата „да се биде таму“

Истражувачите кои проучуваат когниција, откриле дека болеста ја нарушува функцијата на мозокот, како и честото пиење алкохол или будност во текот на целата ноќ. Ова секако не значи дека вработените треба да бидат принудени да земаат боледување или слободни денови доколку се чувствуваат добро и продуктивно најмалку половина ден.

Мерката во овие ситуации би била пофлексибилна работа. Покрај тоа, експертите апелираат дека повременото отсуство од работа влијае на подобрата продуктивност, особено во деновите на короната, бидејќи менталното здравје е императив.

Поврзани вести

Менхетен доживеа бум на крајот на 2020 година, двојно зголемено изнајмувањето на станови

Влатко Зорба

Работодавците откриваат: Како луѓето ги уништуваат своите шанси за вработување?

Влатко Зорба

Ги запознаваме ретките болести: Едвардс-синдром

Влатко Зорба