20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Првоаприлска шега: Volkswagen сепак нема да биде VoltsWagen

Подружницата на германскиот автомобилски гигант Volkswagen AG објави лажна вест дека ќе работи во Соединетите држави под името „VoltsWagen of America“ затоа што подобро ја отсликува ориентацијата на компанијата кон производство на електрични возила, но во средата призна дека тоа било првоаприлска шега.

Сепак, на социјалните мрежи, првоаприлската шега наиде на критики затоа што некои коментатори се присетија на скандалот предизвикан од германскиот производител со фалсификување на резултатите од тестовите на издувните гасови за неговите дизел модели, со кој со години ги мамеше клиентите и регулаторите.

„Volkswagen of America“ нема да го смени името во VoltsWagen. Тоа соопштение беше во духот на првоаприлските шеги да го придружува лансирањето на електричното возило ID.4 SUV и да ја нагласи нашата посветеност да преминеме на целосно електрична подвижност“, рече портпаролот.

Портпарол на Volkswagen во Германија ја нарече промената на името „одлична идеја“ со фокус на маркетингот.

Вториот по големина производител на автомобили во светот, VW се надева дека ќе ја удвои понудата на електрични возила и ќе го зголеми профитот оваа година со преминување кон целосно електрични возила.

Некои директори на VW не се задоволни што нивните електрични модели во САД не привлекуваат толку внимание како Tesla или General Motors.

Volkswagen има за цел да инвестира 16 милијарди евра во електрификација и дигитализација до 2025 година и се обврза на продажба на еден милион електрични возила ширум светот до 2025 година.

Групацијата во 2015 година призна дека користела нелегален софтвер за да мами на тестовите за дизел мотори во САД, што ја предизвика најголемата криза на корпорацијата што ја чинеше 32 милијарди евра за плаќање казни, судски трошоци и наплата.

Поврзани вести

„Хуавеи“ задоволни од позицијата на македонскиот пазар, но оставаат можност за проширување на инвестициите

msp-admin

Шанса за јакнење на извозниот потенцијал на малите и средните претпријатија од Западниот Балкан

msp-admin

Се бараат градежници, техничари, работници во услужните дејности…Слободни 9000 работни места

Берта Китинска