„Argo Blockchain“ со седиште во Лондон потврди дека потпишала Меморандум за разбирање со „DMG Blockchain Solutions“.
Британската фирма за криптовалути ги најавува плановите за создавање на првиот светски „базен за рударство“ на биткоин со чиста енергија.
Целта на меморандумот е лансирање на првиот од ваков тип „базен“, напојуван само од чиста енергија.
Проектот „Terra Pool“ се очекува да го намали влијанието врз животната средина на рударството на биткоин, создавајќи го првиот „зелен биткоин“.
Питер Вол, извршен директор на „Argo Blockchain“, вели дека справувањето со климатските промени е приоритет за „Argo“, а партнерството со „DMG“ за создавање на првиот „зелен“ базен за рударство е важен чекор кон заштита на планетата сега и за генерациите што доаѓаат. Компанијата се надева дека и другите компании кои се занимаваат со биткоин рударство ќе ги следат нејзините стапки за да покажат поширока свесност за климата.
Дан Реицик, извршен директор на „DMG“, рече дека зголемената иновативна моќ на „DMG“ и континуираниот фокус на еколошко ископување биткоин, има можност да поттикне трансформации во начинот на кој заедницата за биткоин „мајнинг“ да дејствува кон иднината која е свесна за климата.
„Ова е можност за континуиран раст, додека развиваме подобро разбирање на операциите што се пријателски за климата, истовремено интегрирајќи ги најновите и најиновативни блокчеин технологии“, велат од „Argo“.