СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

„Благој Ѓорев“ стави на продажба нефункционални објекти, меѓу нив и Стоковната куќа 26-ти јули

По предлог-одлуки на Собранието на акционери на „Благој Ѓорев – Кристал“, на продажба се ставени градежни-деловни нефункционални објекти во сопственост на ПИ Благој Ѓорев АД Велес, а меѓу нив и Стоковната куќа 26-ти јули во Скопје, стои на сајтот на Македонска Берза.

На продажба се ставени:

-Магацини во село Логоварди-Битола во вкупна површина од 17.511 м/2 од кои градежни објекти во површина од 5.647 м/2 и двор во површина од 11.864 м/2 на КП.бр.1148 евидентирани во Имотен лист бр.253 за КО Логоварди;

-Продавница во Битола во површина од 167 м/2 на ул.Булевар 1-ви Мај бр.19, на КП.бр.10431, евидентирана во Имотен лист бр.70781 за КО Битола;

-Стоковна куќа 26-ти јули во Скопје во површина од 1.370 м2 на ул.Крсте Мисирков бр.63 на КП.бр.8973 евидентирана во Имотен лист бр.40049 за КО Центар 1;

-Продавница во Куманово во површина од 45 м2 на ул.3-та Македонска ударна бригада бр.бб на КП.бр.18351 евидентирана во Имотен лист бр.42120 за КО Куманово;

-Магацин во Кичево на ул.Индустриска бб евидентиран на КП.бр.3074/2 за КО Кичево со право на конечна распределба од стечајната маса од 20,27%;

Објектите треба да се продадат по пат на јавна продажба или со непосредна спогодба според пазарни цени кои се најповолни на продажбата за друштвото.

Поврзани вести

УЈП: Годишните даночни пријави за 2020 година да се потврдат или корегираат најдоцна до 31 мај

Влатко Зорба

Македонија лани увезе злато вредно 95.000 долари

Влатко Зорба

Тинејџерите масовно учат за трговија со акции

Stefanija Kuzmanovska