СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Huawei ја претстави IdeaHub таблата за паметни канцеларии и образование

На претставувањето на нови производи за интелигентна соработка во 2021 година, Huawei го објави глобалното лансирање на дигиталната табла IdeaHub, прва табла за соработка во индустријата, која содржи оптичка технологија против сината светлина. Сертифицирана од TÜV Rheinland, технологијата го елиминира штетното сино светло и одливот на бои за да обезбеди живописен дисплеј и безбедно визуелно искуство. Huawei IdeaHub таблата содржи и иновативни функции како што се безжична проекција и паметно пишување за подобрување на корисничкото искуство во текот на едукацијата и обуките, локалните состаноци и отворените дискусии.

„Брзото забрзување на дигиталната економија го направи дигиталното работење и образование нова нормала за секоја организација и поединец. Huawei IdeaHub серијата, објавена минатата година, содржи целосно нови алатки за продуктивност, дизајнирани да им помогнат на корисниците во различните индустрии да се прилагодат на оваа нова состојба и да се постигне синергиска соработка помеѓу уредот и облакот“, рече Пан Јонг, Потпретседател на одделот за продажба на производи и решенија за интелигентна визија и соработка на Huawei.

Тој подоцна додаде: „Целосно новата IdeaHub табла е најновиот додаток во оваа серија. Специјално е дизајнирана за паметните училници, салите за состаноци и отворените канцелариски простории, овозможувајќи попаметна и поефикасна соработка“.

Нашата зголемена зависност од дигиталните екрани го направи здравјето на очите примарна грижа за се поголем број луѓе. За да го реши овој проблем, Huawei IdeaHub таблата имплементира 4K оптичка технологија отпорна на сината светлина за блокирање на штетното сино светло од изворот на светлина и заштита на очите на корисниците. За споредба, конвенционалната технологија заснована на софтвер против синото светло и режимот на удобност на очите не можат целосно да ја филтрираат штетната сина светлина. Тие имаат и тенденција да додадат жолта нијанса на екранот, предизвикувајќи визуелен замор, што влијае и на препознавањето на боите.

Користејќи ја технологијата за поместување на спектарот за блокирање на штетното сино светло од изворот на светлина, IdeaHub таблата обезбедува слабо сино светло, калибрација на боите и адаптација на амбиенталната светлина. Ова не само што нуди визуелен комфор и заштита, туку помага и во испорака на дисплеи со вистински и живи бои. Проекцијата на екранот и пишувањето на таблата се двете најчесто користени функции во паметното образование и канцелариите. Земајќи го ова во предвид, Huawei IdeaHub нуди единствени функции за подобрување на корисничкото искуство. Функцијата на проекција на паѓачката лента, заснована на Cast+ технологијата, им овозможува на корисниците да ја проектираат содржината од телефонот на големиот екран, без инсталирање на дополнителни апликации.

Исто така, корисниците можат и да ги контролираат своите смартфони од големиот екран. Корисниците не мораат да се грижат за сигурноста, бидејќи функцијата за заштита на приватноста обезбедува дека личните податоци нема да се делат во текот на проекцијата.

Huawei IdeaHub нуди и други методи на проекција за различни сценарија и потреби. Тука спаѓаат кодот за безжична проекција, IdeaShare Key и DLNA.

Што се однесува до пишувањето на таблата, Huawei IdeaHub користи zero-gap технологија на врзување и иновативни софтверски можности за да овозможи непречено искуство на пишување со ултра-мала латенција на пишување од 35 ms. Ова го прави пишувањето на таблата лесно, исто како и употребата на пенкало и хартија. Во меѓувреме, функциите за интелигентно препознавање на текст и графика и споделувањето на електронска пошта пружаат поефикасно искуство од традиционалните табли.

Зборувајќи на лансирањето на производот, Симон Даи, технички директор на одделот на Huawei за продажба на производи и решенија за интелигентна визија и соработка изјави: „Во поглед на екосистемот, Huawei IdeaHub е на чело на индустријата. Вградената AppGallery продавница сега има наменска IdeaHub секција, каде корисниците можат слободно и сигурно да ги преземаат апликациите кои им се потребни. Таблата поддржува отворени SDK алатки и соработува со индустриските партнери на создавање на оптимални решенија“.

„Се радуваме на соработката со новите партнери кои се страствени во заедничкото забрзување на дигиталната трансформација на индустриите“, додаде Даи.

Достапна во димензии од 65 и 86 инчи, Huawei IdeaHub дигиталната табла е погодна и за под и за на ѕид, а може флексибилно да се постави во училниците и канцелариите.

Поврзани вести

YouTube Shorts пристигнува во март

Влатко Зорба

Најмалиот фотографски сензор е дело на OmniVision

msp-admin

GoPro Hero8 Black носи многу интересни подобрувања (ВИДЕО)

msp-admin