СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

МекГрегор го продаде својот бренд на виски за 600 милиони долари

УФЦ-борецот Конор МекГрегор и неговите партнери го продадоа својот мнозински удел во компанијата која го произведува ирското виски Proper No. 12 за 600 милиони долари.

Купувач е компанијата Proximo Spirits, која претходно имаше 49 отсто удел во брендот. Proximo ги поседува Jose Cuervo и Bushmills меѓу другите брендови за пијалоци во своето портфолио.

Двете страни во вторникот ја потврдија трансакцијата за „Shanken News Daily“. МекГрегор и неговите партнери Ауди Атар и Кен Остин ќе го задржат уделот. Не е познато колку сега поседува Proximo својот контролен удел. Параметрите исто така не дефинираа како зделката ќе достигне вкупно 600 милиони долари.

Според податоците на Остин, бројката од 600 милиони долари ги вклучува 250 милиони долари што Proximo претходно ги платил во партнерството.

Исто така е познато дека МекГрегор ќе продолжи да биде заштитно лице на брендот. Честопати се гледа на неговите социјални мрежи и телевизиски реклами како го промовира Proper No. 12.

„Конор е многу, многу фокусиран од ова да направи милионски бренд“, навел Остин.

Поврзани вести

Роналдо заработува повеќе од Инстаграм отколку од фудбал (инфографик)

msp-admin

Закерберг нè убедува да не бегаме од WhatsApp, а тој самиот користи конкурентна апликација

Влатко Зорба

Мерките ќе овозможат посигурен економски старт на 2021 година?

msp-admin